Фудбал
„Вчера ми го понудија Рибери, не сум знаел дека човекот се уште игра“
Салернитана се спаси, доби нов сопственик, па ќе остане во Лигата, иако претходно и се закануваше исфрлување. Но и покрај тоа легендарниот Франк Рибери сака да замине.
Неговите агенти го понудиле на бразилскиот тим на Сеара, а тоа го потврди и претседателот на овој клуб Робинсон де Кастро.
„Вчера ми беше понуден Франк Рибери. Не ни знаев дека се уште игра“, изјави Де Кастро, кој, сепак, не е сигурен дали ќе потпише со легендата.
-Навистина не знам што да ви кажам во овој случај“, рече Де Кастро.
Рибери потпиша за Салернитана во септември. Тој настапи на 12 натпревари и забележа две асистенции.
Легендарниот фудбалер најубавите денови во кариерата ги помина во Баерн, со кого помина 12 години и со кого освои апсолутно се.