Фудбал
ВИДЕО: Барселона остана без победа во 89-та минута!
Каталонскиот клуб имаше предност на стадионот „Неуво Лос Карменес“ до 89. минута, кога домашните сепак стигнаа до еден бод.
Немаше убав фудбал во Гранада. Првото полувреме донесе само неколку обиди, но и еден поништен гол на Луук Де Јонг.
Првиот гол на овој натпревар беше постигнат во 57. минута. Дани Алвеш го наоѓа Де Јонг, а Холанѓанецот погодува за водство на Барса од 1-0.
Нервозните играчи на Барселона до крајот успеаја да добијат црвен картон. На десет минути до крајот Гави беше исклучен, а Гранада успеа со играч повеќе да ја искористи предноста и да освои бод.
Во 89. минута, кога Антонио Пуертас ја искористи шансата и погоди за конечен резултат од 1:1.