Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер му се одмазди на Лацио и се врати на врвот

Актуелниот шампион на Италија се врати на врвот, откако Милан само неколку часа беше на таа позиција. Вечерва избраниците на Симоне Инзаги го совладаа Лацио со 2:1 во прекрасен меч со многу интересни моменти и практично му се одмаздија на тимот од Рим. Интер единствениот пораз сезонава по 21 одиграно коло го претрпе токму од Лацио со 3:1.

Интер вечерва поведе со голот на Бастони, кој шутираше ниско по земја од дваесетина метри во 30-та минута. Но, само пет минути подоцна Лацио израмни преку Имобиле по лошата реакција во одбраната на Де Фрај и Шкриниар. Сепак, токму вториот во 67-ма минута со глава постигна прекрасен гол за ново водство и конечни 2:1.

Интер е лидер со 49 бодови, еден повеќе од Милан, а шест од третопласираниот Наполи, но тимот на Симоне Инзаги има и натпревар помалку, оној одложениот против Болоња пред три дена.

Интер е во серија од осум победи во низа во италијанското првенство, а на 12-ти јануари го чека нов меч, против Јувентус во Суперкупот на Италија и шанса за прв трофеј оваа година под водство на Симоне Инзаги.