Фудбал
Столе Димитриевски се огласи по информациите дека потпишува за Барселона, еве што порача
Голем број на шпански медиуми објавија дека македонскиот голман Столе Димитриевски е на чекор до Барселона. Наводно преговорите се во тек, а останале уште мали технички детали за соработката да биде договорена. Но, во интервју за Пасион пор ел Рајо, Димитриевски вели дека нема информации дека има понуда од Барселона.
-Кога ќе слушнам такви информации за себе ме прави среќен и благодарен затоа што тоа значи дека добро си ја вршам работата, штом некој се интересира за мене. Сепак, концентриран сум на секојдневните обврски и задачи за да му помогнам на мојот тим да продолжи напред. Немам никаква информација за трансфер во Барселона и не сакам ни да знам затоа што може да ми влијае на секојдневната работа. Јас сум сериозен и мирен човек. Денеска се зборува за Барселона, утре можеби за Атлетико Мадрид, но морам да бидам концентриран на Рајо, да тренирам добро, да играм добро, вели Димитриевски.

Според голем број шпански медиуми Димитриевски преку својот агент и клубот е во преговори со Барселона, но за да се случи овој трансфер потребно е голманот на каталонците Нето да замине, но тоа се уште не се случило.