Connect with us

Фудбал

Клисман потпиша за Шкендија (ВИДЕО)

По Ферхан Хасани, Михаил Маневски и Андре Менсалао, Шкендија го претстави четвртото засилување за продолжението од сезоната. Актуелниот првак Шкендија постигна договор со централниот дефанзивец Клисман Цаке кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум. Договорот е на три ипол години.

-Многу сум задоволен што сум дел од Шкендија. Во првенството на Македонија играм две и пол години и добро ја познавам екипата. Шкендија ја следам уште од играњето во Албанија, бидејќи Шкендија секоја година имаше добри настапи во европските натпреварувања, стигнувајќи неколку години по ред до плејофот. Мислам дека Шкендија го има најдобриот тим во лигата и многу сум среќен што сум дел од нег., вели Цаке.