Фудбал
Ериксен ја доби првата официјална понуда, доаѓа од Англија
Вчера „Тајмс“ објави дека 29-годишниот фудбалер има неколку понуди од Премиер лигата, а „Атлетик“ денеска во делот за вонредни вести пишува дека Ериксен ја добил првата официјална понуда и тоа од Брентфорд.
Наводно се работи за договор кој Данецот би го добил до крајот на сезоната, а потоа би преговарале за продолжување на соработката. Финансиските детали од договорот не се познати, но не се толку важни колку што е важно Ериксен да се врати на теренот по она што се случи на Европското првенство.
Да потсетиме, Ериксен неодамна ја прекина соработката со Интер бидејќи во Италија фудбалерите не смеат да играат со вграден срцев дефибрилатор.
Англиските клубови немаат проблем со тоа, Ериксен може да игра во Премиершип и се надева дека ќе го заврши договорот со некој клуб во наредните денови, а се чини дека тоа би можел да биде Брентфорд.