Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Браќата Бабунски заедно во Дебрецен
Доријан Бабунски потпиша две ипол годишен договор со унгарскиот тим и му се приклуи на својот постар брат Давид Бабунски кој пред почетокот на оваа сезона потпиша за овој клуб.
Доријан Бабунски доаѓа од бугарскиот тим Ботев Враца, каде постигна 10 голови на 18 мечеви, запишувајќи и три асистенции.
За разлика од Давид, кој младинските категории ги мина во Барселона, Доријан играше за младинските категории на Реал Мадрид но никогаш не се наметна за најдобриот состав. Играше за Фуанлабрада, Олимпија Љубљана, Радомље, Мачида Землија, Кагошима Јунајтед и последно Ботев. Доријан играше и за младинските селекции на Македонија, додека неговиот постар брат Давид има 9 настапи за сениорската репрезентација на Македонија.