Connect with us

Фудбал

Почина легендата на Реал Мадрид, единствен со шест титули европски првак

„Кралскиот клуб“ соопшти дека на 89-годишна возраст починал Франциско Пако Хенто, еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид и селекцијата на Шпанија. Беше почесен претседател на Реал Мадрид и еден од последните симболи на генерацијата која постави ненадминат рекорд во 1950-тите освојувајќи пет последователни европски титули. Хенто за тимот од Мадрид забележа 450 настапи на кои постигнал 180 голови, а во овој клуб помина цели 18 години. Тој е единствениот тим на Реал Мадрид кој освоил шест шампионски титули европски првак, или денеска познато како Лига на шампиони.