Фудбал
Имаше ист менаџер како и Дембеле, но навреме го „шутна“ и сега игра за Реал Мадрид
Дембеле во каталонскиот клуб пристигна во летото 2017 година за дури 140 милиони евра, но најголемиот дел од натпреварите ги пропушти поради постојани проблеми со повреди. Но, и покрај тоа Барселона сака да го продолжи договорот со францускиот репрезентативец.
Каталонците веќе во неколку наврати започнаа преговори со Дембеле за нов договор и на крајот на минатата година се чинеше дека тој дефинитивно ќе остане во Барселона по завршувањето на оваа сезона.
Сепак, работите наеднаш се сменија бидејќи Дембеле ја одби понудата на Барселона во неколку наврати. Многумина сметаат дека најголем виновник за тоа е неговиот агент Муса Сисоко, кој постави нереални услови пред Барселона.
Јасно е дека Барса е во голема финансиска криза и дека не можат да му понудат многу пари на Дембеле, но останаа шокирани кога неговиот агент им кажа дека ќе потпише нов договор само во случај на годишна плата од толку 40 милиони евра.
Сисоко пред неколку дена изјави дека е точно дека бараат многу пари, но дека едноставно мисли дека неговиот клиент тоа го заслужува. Дембеле на тој начин е се поблиску до заминување од Барселона, од која ќе си замине како слободен играч на крајот од сезоната.
Понуда за него сигурно ќе има, а Сисоко најмногу работи на тоа да добие огромен бонус за потписот на неговиот клиент, а се шпекулира дека ќе бара дури 20 милиони евра бонуси од клубовите кои покажале интерес за Дембеле.
Од самиот почеток на многумина им беше јасно дека Сисоко е најголемиот проблем во преговорите со Барселона, а шпанските медиуми објавија дека не е прв пат овој менаџер да се однесува така и да е арогантен.
Имено, тој порано беше репрезентативец на Едуардо Камавинга, кој моментално настапува за Реал Мадрид. Камавинга играше за Рен, а Сисоко исто така постави нереални услови за својот клиент, но навреме сфати каков човек е тој.
Пријателите на Камавинг рекоа дека Сисоко не е најдобриот менаџер за него и дека треба да биде отстранет што е можно поскоро.
Набргу потоа сегашниот играч на Реал Мадрид го раскина договорот со Сисоко и одлучи во иднина да го застапува неговиот брат Селестин, што беше одличен потег бидејќи набрзо се пресели во кралскиот клуб.
Сисоко на Камавинга му направи многу проблеми во Рен, го манипулираше и се трудеше да заработи што повеќе, но успеа навреме да се извлече од целата таа приказна, за разлика од Дембеле.