Connect with us

Фудбал

Добил интересен телефонски повик, Луис Суарез прави шокантен трансфер во Премиер лигата?!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез е на излезната врата од Атлетико Мадрид.

Суарез пред почетокот на минатата година дојде во Атлетико Мадрид од Барселона и тоа беше фантастичен трансфер на мадридскиот клуб бидејќи Уругваецот е еден од најзаслужните што овој тим на крајот ја освои титулата.

Сепак, искусниот напаѓач сезонава не игра во најдобра форма, а се повеќе време поминува на клупата за резервни играчи.

Колку сака да игра се виде пред неколку недели кога по замената луто го обвини Диего Симеоне што го извадил од игра. Но, Симеоне очигледно има некои други планови, поради што се повеќе се шпекулира за заминување на Суарез.

Уругвајскиот напаѓач има договор со Атлетико Мадрид до крајот на оваа сезона, но шпанските медиуми објавија дека не е исклучено Суарез да ги напушти „јорганџиите“ овој месец.

Имено, Атлетико доби неколку понуди за Суарез од Бразил и една понуда од Саудиска Арабија. Но, Уругваецот се уште не сака да ја напушти Европа и верува дека се уште може да игра на врвно ниво.

Шпанскиот новинар Жерар Ромеро синоќа најави дека Суарез би можел да се врати во Англија, во Астон Вила, која од клупата ја предводи неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард.

Астон Вила неодамна го доведе Филипе Кутињо, а доколку успее да го доведе Суарез, тоа ќе биде навистина фантастична работа. Наводно, Уругваецот е многу „загреан“ за повторно да игра во Премиершип и се надева дека Атлетико Мадрид нема да му прави проблеми со трансферот.

Ромеро објави дека Џерард телефонски контактирал со Суарез и му рекол дека го сака во својот тим и јасно му ставил до знаење дека ќе биде првиот напаѓач на Астон Вила.

Суарез во досегашниот тек од сезоната за Атлетико Мадрид одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и постигна две асистенции.