Фудбал
Чави за засилувањето од 140 милиони евра: Неговиот менаџер зборува едно, а тој мене друго ми кажува
Чави Ернандез денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар против Атлетик, а зборуваше за многу работи кои се случуваат во каталонскиот клуб во претходниот период.
Една од главните теми беше Усман Дембеле, кој уште еднаш одби да го продолжи договорот со Барселона и најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб на крајот на сезоната.
Чави беше прашан од новинарите каква е ситуацијата со Дембеле и дали ќе ги следи натпреварите од трибините до крајот на полусезоната доколку ја одбие последната понуда на Барселона за продолжување на договорот.
?? Xavi sobre Dembélé: “El mensaje es claro: o renueva o buscamos una solución de salida”
? SEÑAL TV EN DIRECTO https://t.co/YXAqLJ5MWu pic.twitter.com/2cfDJbSNgC
— MARCA (@marca) January 19, 2022
“Не можеме повеќе да чекаме да донесе одлука. Или ќе го продолжи договорот или ќе се најде решение клубот да го продаде до крајот на месецот. Како и да е, треба да се реши што е можно поскоро. Јас не размислувам да го испратам на трибините. Тој сака да остане и сега не ми е јасно зошто не сака да го продолжи договорот, рече Чави.
Тренерот на Барселона потоа повтори дека ситуацијата околу Дембеле е јасна и дека клубот ќе го продаде доколку не потпише нов договор.
-Јасно е се што ви кажувам. Дембеле треба да потпише нов договор или ќе најдеме начин да го продадеме во јануари. Нема друго решение за сето ова. Не разбирам се што зборува неговиот агент, Дембеле ми рече дека сака да остане. Навистина не ми се јасни, додаде тренерот на Барселона.
Како што е познато, Усман Дембеле во 2017-та година од Борусија Дортмунд пристигна во Барселона за неверојатни 140 милиони евра. Но, никако да се наметне со квалитетот, пред се поради честите повреди.