Фудбал
ВИДЕО: Беше на излезна врата, но постигна гол за Интер и клубот веднаш ги прекина преговорите
Интер синоќа славеше со 3:2 по продолженијата против Емполи и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија. Победничкиот гол го постигна Стефано Сенси, кој оваа сезона речиси и да не игра поради честите повреди.
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Сампдорија и Интер се во преговори за позајмица на Сенси до крајот на сезоната, со можност за целосен трансфер. Но, најновите информации велат дека Интер ги стопирал преговорите по синоќешниот меч до Емполи.
Ова индиректно го потврди и тренерот на Интер, Симоне Инзаги.
-Сенси заслужи ваква вечер, бидејќи во последните неколку месеци не беше во можност да го покаже својот квалитет. Додека го носи дресот на Интер ќе сметам на неговите услуги. Нормално е дека постојат понуди, но доколку неговата желба е да остане, тогаш со задоволство ќе го задржам, изјави Инзаги после мечот.