Фудбал
Легендите заедно за подобар Пелистер, Мицевски, Стојковски, Здравевски, зад клубот застанува и Општина Битола
Општина Битола застанува зад ФК Пелистер.
-Тоа што го најавивме пред неколку дена, дека како општина, застануваме зад ФK Пелистер, веќе го реализираме. Имајќи ја предвид затекнатата состојба, како и потребата од брзо делување, веќе ги исплативме заостанатите обврски на клубот за месеците октомври, ноември и декември 2021 година. Со тоа, заклучно со први јануари 2022 регулирани се финансиските обврски на клубот, со цел создавање основа за понатамошно добро функционирање и подготовки за постигнување на добри резултати, изјави Коњановски.
-Нов спортски директор на клубот е Ванчо Мицевски. Тука со нас се и големите фудбалски имиња, легенди на битолскиот фудбал Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски, со кои во изминатиот период имавме координативни средби и состаноци на кои разговаравме за иднината на клубот, при што посебно ми е драго што ја прифатија подадената рака од Општина Битола, да дадат поддршка и да бидат дел од процесот на спортско издигнување на клубот. Со реализираните активности, како и работата која не очекува во следниот период, очекувам дека ќе постигнеме стабилизирање на клубот, а како поддршка во таа насока очекувам коректен однос од претходните сопственици, со цел навремено и соодветно делување во интерес на застанување на клубот на „здрави нозе“ и негово комплетно опоравување од незавидната ситуација во која го затекнавме“., вели Тони Коњановски градоначалник на Битола.