Connect with us

Фудбал

Жестоки критики за Роналдо-Мисли дека е поголем од Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед го победи Брентфорд со 3-1 на гости во средата вечерта, а Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието поради неговото однесување.
Роналдо претходно беше изваден од игра од менаџерот Ралф Рангник, а Португалецот покажа големо незадоволство кога го напушташе теренот. Роналдо беше видно лут и разочаран, не го прифати фактот дека е заменет.

Рангник или некој од неговите колеги требаше јавно да му се обрати по натпреварот, повеќе ќе го болеше“, изјави за „Талк Спорт“ поранешниот играч на Челзи и Астон Вила, Енди Таунсенд. Ниту новинарот на Би-Би-Си Фил МекНулти не го поштеди поранешниот играч на Реал Мадрид и Јувентус.
“Неговото его приреди бескорисен спектакл во победата на Јунајтед. Беше бескорисна претстава на Кристијано, кој мисли дека е поголем од Манчестер Јунајтед!”
„Зошто јас, зошто јас?“, можеше да се прочита од усните на Роналдо додека седеше на скалите по излегувањето од играта.
Ралф Рангник на прес-конференција ги објасни причините за промената на Кристијано Роналдо.
„Нормално е напаѓачот да реагира така, сака да дава голови. Се врати по мала повреда, но важно ми беше да знам дека имаме натпревар за три дена. Од друга страна имавме два гола предност. Решивме овојпат да се одбраниме и да го спасиме резултатот, за да не се повтори нешто слично на она против Астон Вила, па мислам дека постапивме правилно“, изјави Рангник.
Што точно му порача на Португалецот?
„Му реков: „Слушај Роналдо, имаш 36 години и во добра форма, но кога си тренер, ќе видиш различни работи. Мојата работа е да носам одлуки во интерес на тимот и клубот и се надевам така мисли и тој“.