Фудбал
ВИДЕО: Манчестер Јунајтед победи со гол во 94-та минута, но не е Кристијано Роналдо спасителот!
Манчестер Јунајтед славеше со 1:0 во пресметката со Вест Хем и тоа со гол постигнат во судиското продолжение. Во 94-та минута „Црвените ѓаволи“ дојдоа до победата, но иако сме навикнати на тоа, сепак сега спасителот не е Кристијано Роналдо. Победничкиот гол го постигна Рашфорд кој во игра влезе од клупата во 63-та минута.
Со оваа победа Јунајтед го скокна денешниот противник на табелата и сега се на четвртата позиција со 38 бодови. Вест Хем е едно место подолу со еден бод помалку.
Резултати Премиер лига:
Евертон – Астон Вила 0:1
Лидс – Њукасл 0:1
Манчестер Јунајтед – Вест Хем 1:0
Брентфорд – Вулверхемптон во тек
Саутемптон – Манчестер Сити 18:30 часот