Фудбал
ВИДЕО: Разигран Наполи, но разигран и Елиф Елмас, асистенција, но и изнуден пенал за македонскиот „дијамант“
Наполи ја совлада со 4:1 Салернитана и се искачи на второто место на табелата, каде ќе остане барем до вечерва кога се игра дербито Милан-Кувентус. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше разигран. Настапи од првата минута, а довербата на Спалети ја оправда со асистенција и пенал.
Тој му асистираше на Хуан Жезус во 17-та минута за водство на Наполи од 1:0 кога со рамо, малку среќно ја спушти топката до неговиот соиграч.
Во 33-тата минута Бонацоли израмни на 1:1, а во судиското продолжение од првото полувреме Елмас изнуди пенал, кој во гол го претвори Мертенс.
До крајот на мечот, Наполи ја потврди доминацијата па со уште два гола во мрежата на Салернитана, преку Рахмани и Инсиње го реши мечот во своја корист.