Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ниту Мурињо не можеше да поверува, што направи Рома за 12 минути?!

Рома славеше на гостувањето кај Емполи со 4:2, а противникот го „разби“ во првото полувреме. Поточно речено, тимот од Рим за само 12 минути постигна четири голови, нешто што не можеше да поверува ниту Мурињо.

Абрахам во 24-та и 33-та, Оливеира 35-та и Заниоло во 37-та донесоа големо водство за Рома. Во вториот дел тимот на Мурињо застана, па Пинамонти и Бајрами го ублажија поразот.