Фудбал
Напаѓачот на Јувентус опериран, дефинитивно нема да игра против Македонија
Напаѓачот на Јувентус Федерико Киеза, денеска е опериран. Како што пишуваат италијанските медиуми, Киеза ги скинал лигаментите на левото колено, а паузата се прогнозира дека ќе биде седум месеци. Освен тоа што нема да игра до крајот на сезоната за Јувентус, ова значи дека нема да настапи ниту за Италија против Македонија во март во бараж мечот за пласман на СП.