Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хулигани влетаа на теренот, судијата пронајде и нож, но мечот сепак продолжи!

Јужноамериканците се големи фанатици кога е фудбалот во прашање, но често знаат да претеруваат.

Во саботата, 22 јануари, натпреварот помеѓу домашните Сао Паоло и Палмеирас во полуфиналето на Купот на Сао Паоло за играчи до 20 години беше прекинат, но набрзо продолжи откако двајца навивачи излетаа на теренот.

Едниот успеаja да гo задржat играчите на Сао Паоло, додека другиот сепак пристигна и физички го нападна играчот на гостинската екипа.

Сепак, она што ги шокираше сите присутни е моментот кога главниот судија на натпреварот од теренот подигна нож, кој беше фрлен кон фудбалерите.

И покрај тоа што не е безбедно за фудбалерите на Палмеирас и што побараа да не се продолжи натпреварот, тој се играше до крај со победа на гостите од 1-0.

-Најпрво помисливме дека еден од навивачите кој влетал на теренот се обидел со нож да нападне фудбалер на Палмеирас. По натпреварот, судиите ми покажаа фотографија која кружи на социјалните мрежи и на „WhatsApp“  на која се гледа дека ножот бил фрлен од трибините заедно со други предмети. На полиција останува да открие како овој нож завршил на стадионот, кој го извршил претресот, како и на кој влез – изјави Цезар Сад, полицаец кој потврди дека е отворена истрага.