Фудбал
Трагедија на Африканскиот куп на нации, во стампедо загинаа неколку луѓе, меѓу нив и дете (ВИДЕО)
Трагедија на Африканскиот куп на нации. Пред почетокот на мечот помеѓу Камерун и Комори се случи стампедо, во кое загинаа неколку лица, а десетици беа повредени. Тие се обидувале да влезат на стадионот и да ја следат својата селекција.
Засега медиумите потврдија осум жртви, меѓу кои е и едно 14-годишно дете, но и бремена жена, по што Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да објави соопштение и да покаже почит до семејствата на жртвите.
Африканската фудбалска конфедерација во моментов прави детална истрага и комуницира со властите на Камерун за да се открие како се случило стампедото.