Фудбал
Се огласи големиот талент на Барселона: За жал поминувам низ најтешките моменти…
Барселона потврди дека 19-годишниот напаѓач заработил повреда на бутниот мускул и наскоро ќе биде потврдена должината на неговото опоравување. Шпанските медиуми веднаш пренесоа информација за повредата на Фати, а младиот фудбалер би можел да ги пропушти следните два до три месеци, доколку не биде опериран.
Сепак, Барселона наводно му препорачала на Фати да оди „под нож“, што младиот фудбалер го прифатил, па оваа сезона за него е завршена.
Впрочем, Фати објави и на социјалните мрежи.
„За жал, моментално ги поминувам најтешките моменти откако играм фудбал, но никогаш нема да се откажам. Ви благодарам многу за пораките за поддршка и љубов. Никогаш не се откажувајте“, напиша тој.
Фати оваа сезона постигна пет гола на 10 натпревари. За каталонскиот гигант одигра вкупно 53 натпревари и постигна 18 голови.