Фудбал
Во Милан пристигна напаѓач, веднаш следуваа иронични коментари: Јувентус го носи Влаховиќ, а ние…
Младиот и талентиран напаѓач на Црвена звезда Марко Лазетиќ пристигна во тренинг центарот на Милан. Како што се шпекулираше со денови, Лазетиќ ќе потпише договор со Росонерите, а од потпис за повеќекратниот европски шампион го дели само лекарски преглед. 18-годишниот српски напаѓач е производ на младинскиот тим на уште еден поранешен европски шампион, Црвена звезда, а за првиот тим дебитираше во ноември 2020 година на 16 години. Минатата зима тој му се приклучи на второлигашот Графичар на шестмесечна позајмица и постигна четири гола.
Лазетиќ оваа сезона беше постојан член на првиот тим, забележа 14 настапи во српската Суперлига, на теренот помина вкупно 370 минути. За тоа време постигна еден гол.
Станува збор за висок и физички силен центарфор, голем борец, кој е опишан како некој кој има исклучителни голгетерски способности и важи за голема ѕвезда во иднина.
Навивачите на Милан не се баш среќни со ова. На социјалните мрежи кружат коментари како што е: Одлично, го носиме Лазетиќ, а Јувентус Душан Влаховиќ.
Тие очекуваа многу повеќе овој јануари, но клубот е решен сега да не троши многу пари и да се фокусира на доведување играчи кои подоцна би можеле повеќекратно да се исплатат.
? Marko Lazetic has arrived at La Madonnina clinic for his sports fitness test before heading to Casa Milan to sign his #ACMilan contract.
? @LucaManinettipic.twitter.com/3HlgFXXcK2
— SempreMilan (@SempreMilanCom) January 25, 2022