Connect with us

Фудбал

Одбил побогата понуда од Њукасл, само да потпише за Интер

Медиумите во Италија на големо пишуваат дека крилниот фудбалер Роберт Госенс од Аталанта до крајот на неделата ќе стане играч на Интер. Според бројни медиуми тој одбил далеку подобра финансиска понуда од Њукасл, бидејќи неговата желба била да го облече дресот на „Нероаѕурите“.

Наводно Интер и Госенс ги договориле условите, четиригодишен договор со 2,5 милиони евра годишна плата, плус бонуси. Останува да се договори Интер со Аталанта, а според италијанските медиуми и тоа е при крај. Наводно зделката ќе биде позајмица до крајот на сезоната, а потоа обврска за откуп за околу 30 милиони евра.