Connect with us

Фудбал

По успешната „формула“ со Елиф Елмас, Фенербахче тргнува по уште еден Македонец?!

Поранешниот фудбалер на Вардар, а сега член на Академија Пандев, Мартин Мирчевски кој игра во животна форма е цел на турскиот гигант Фенербахче, објавија дел од тамошните медиуми. Мирчевски на 18 меча има 16 голови и 4 асистенции во македонското првенство.

Фенербахче имаше успешна „формула“ со Елиф Елмас, кој на Наполи го продаде речиси за 18 милиони евра, a трансферот од Работнички ги чинеше половина милион евра. Мирчевски чија позиција е лево крило, или лев крилен напаѓач има 24 години, а претходно играл за Вардар, ФК Трепча, Беласица, Победа и Пелистер.
Ова не е единствен турски клуб да се интересира за Мирчевски. Во декември месец минатата година турките медиуми објавија дека Маниса е заинтересирана за овој фудбалер.