Connect with us

Фудбал

Интер договори зимско, а на чекор е и до летно засилување, пронајдена замена за Де Фрај (ВИДЕО)

Медиумите во Италија пишуваат дека Интер договорил трансфер на Робин Госенс од Аталанта во јануарскиот преоден рок. Во деновите што следуваат ќе биде официјализиран трансферот, кој е по формула 3 милиони за позајмица до лето, а потоа задолжителен откуп за 22 милиони евра. Самиот фудбалер ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот шампион за 2,5 милиони евра годишна плата, 1 милион повеќе од она што го добива во Аталанта.

Освен ова, италијанските медиуми пишуваат дека Интер ги договорил и личните услови на дефанзивецот на Торино, Бразилецот Бремер, кој би требало во Милано да пристигне следната сезона. Најверојатно Стефан Де Фрај заминува, а токму Бремер ќе биде неговата замена. Останува уште Интер и Торино да се договорат за обесштетувањето.