Connect with us

Фудбал

Ниту Хари Кејн, ниту Халанд, Гвардиола договори напаѓач од Ривер Плата (ВИДЕО)

Манчестер Сити договори ангажман на напаѓачот на Ривер Плата, Хулијан Алварес. Според информациите на угледниот спортски новинар Фабрицио Романи, „Граѓаните“ на аргентинскиот тим ќе му платат 18,5 милиони евра заедно со бонуси, а со самиот Алварес ќе потпишат петгодишен договор. Младиот, 21 годишен фудбалер останува на позајмица во Ривер Плата, а по завршувањето на сезоната ќе му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола.

Во изминатиот период наголемо се пишуваше дека Сити е заинтересиран за Хари Кејн од Тотенхем и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но сепак се чини дека идвајцата во моментов се невозможна мисија.