Фудбал
Двајца тренери во Германија суспендирани, имале лажни сертификати за вакцина
Поранешниот тренер на Вердер, Маркус Афган и неговиот помошник Флоријан Јунге добија суспензија од фудбалот, поради тоа што се откриени дека користеле лажни сертификати за примени вакцини против Ковид 19. Афанг доби едногодишна суспензија плус 20.000 евра парична казна, додека Јунге доби 10 месеци суспензија и 3.000 евра парична казна.
Нивните лажни сертификати биле откриени откако ги покажале на властите во Германија, како барање да бидат изземени од карантин, по контакт со заразени лица.