Connect with us

Фудбал

Јувентус и Барселона во трка за проблематичниот напаѓач на Арсенал

Барселона ја привршува позајмицата на Адама Траоре од Вулверхемптон, кој практично е фудбалер кој поникнал во нивната фудбалска школа. Но, најновите информации велат дека Каталонците не застануваат тука. Наводно испратиле понуда до Арсенал за позајмица на Пјер Емеринг Обамејанг.  Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во декември го отстрани Обамејанг и му ја одзеде капитенската лента. Од тој момент Габонецот ниту еднаш не се најде во ростерот на Арсенал.

Но, се зависи од еден трансфер. Имено, во исто време Барселона се интересира за Алваро Мората, фудбалер на Атлетико Мадрид кој игра на позајмица во Јувентус. Таму тој веќе не е потребен со оглед на тоа дека пристигна Влаховиќ. Доколку Барселона успее да договори зделка со Атлетико Мадрид за Мората, тогаш Обамејанг наместо во Каталонија, ќе се пресели во Јувентус.

Но, има уште еден проблем, кога е во прашање италијанскиот тим. Останува нејасно дали Јуве е подготвен да ја плати платата на Габонецот кој ја има во Арсенал, а која изнесува 300.00 фунти неделно.