Фудбал
Готово е, пукна „бомбата“, Мбапе се договорил со Реал Мадрид
Денеска е последен ден од преодниот рок, а се чини дека е договорен најголемиот трансфер. Сепак, тој ќе се реализира шест месеци подоцна, односно по завршувањето на сезоната. Германски „Билд“ објави “бомба“ и тврди дека Килијан Мбапе ги договорил сите услови со Реал Мадрид. Ова е уште поголема „детонација“ ако се знае дека во јуни ќе замине за НУЛА евра иако во моментов е еден од најскапите играчи.
На лето му истекува договорот со ПСЖ, францускиот тим постојано инсистираше на продолжување на соработката, но по се изгледа дека не се договориле, па тој како слободен играч на шест месеци пред истекот на договорот може без дозвола на тимот да преговара со кого сака.
Наводно платата на Мбапе во Реал Мадрид ќе изнесува 25 милиони евра годишно, а одличниот напаѓач треба да добие и бонус од неколку десетици милиони евра само за потпис на договорот.
Kylian Mbappe has agreed to sign with Real Madrid this summer on a free transfer, according to Bild ? pic.twitter.com/eg2bHYYEgX
— GOAL (@goal) January 31, 2022