Connect with us

Фудбал

Дони Ван де Бек го напушта Манчестер Јунајтед, ги минал лекарските прегледи во новиот клуб

Дони Ван де Бек успешно ги минал лекарските прегледи во Евертон и до крајот на денот неговата преселба од “Олд Трафорд“ на “Гудисон Парк“ ќе се официјализира. Според информациите од Англија, играчот за врска ќе се пресели како позајмен  играч до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот. Ван де Бек го Манчестер Јунајтед пристигна во 2020-та година од Ајакс како големо засилување, но никако да ги оправда очекувањата.