Connect with us

Фудбал

ФОТО ВЕСТ: Наместо во пензија, Горан Пандев потпиша за Парма

Веста дека Горан Пандев потпишува за Парма е потврдена. Италијанскиот тим на својата веб страница потврди дека потпишале со македонскиот фудбалер. Нема детали за договорот, но сигурно дека членот на Серие Б добива фудбалер со големо искуство. Пандев има 38 години, играл за Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова. Инаку, Пандев најавуваше дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира, дали ова значи дека пензијата ќе почека уште некое време, останува да видиме.