Connect with us

Фудбал

Заврши јануарскиот преоден рок, ова се десетте најскапи трансфери!

Трансферот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус е најголемиот зимски трансфер во Европа! Вредноста на овој трансфер е 81,6 милиони евра.

Второто место на листата на најголеми трансфери во јануарскиот преоден рок го зазеде Феран Торес, кој од Манчестер Сити се пресели во Барселона. Отштетата изнесува 55 милиони евра, а каталонскиот клуб оваа сума ќе ја плати на рати.

На третото место е репрезентативецот на Колумбија, Луис Дијаз. За фудбалерот на Порто беа заинтересирани бројни клубови од Премиер лигата, а во трката за потписот победи Ливерпул. „Црвените“ издвоија 45 милиони евра за одличното лево крило на Змејовите.

Ова се топ 10-те трансфери според евиденцијата на угледниот „Трансфермаркт“: