Фудбал
Пандев во Парма ќе го носи бројот на дресот со кој постигна најголем успех во кариерата (ВИДЕО)
Горан Пандев до крајот на сезоната ќе настапува за Парма, откако спогодбено го раскинаа договорот со Џенова. Клубот му се заблагодари на досега стореното, па нашиот фудбалер почнува нова авантура. Во Парма ќе игра заедно со легендарниот Џанлуиџи Буфон и ќе се обидат да го вратат тимот во Серие А.
Пандев е промовиран во Парма, а во меѓувреме го одбра и бројот на дресот. Ќе ја задолжи 27-ката, број кој го носеше во Интер во 2010-та година кога го постигна најголемиот успех во кариерата, освојувајќи триплета, односно титулата, купот и Лигата на шампионите.
Се очекува Пандев да дебитира во Парма на 5-ти февруари на мечот со Беневенто.
?? ??2⃣7⃣ ??#ForzaParma ?? pic.twitter.com/QZd9ene0hk
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) February 1, 2022