Фудбал
ПСЖ му порача на Покетино да бара нов клуб, веднаш ќе реагира Манчестер Јунајтед?!
Светските медиуми пишуваат дека раководството на ПСЖ ќе ја раскине соработката со Маурисио Покетино. Тоа наводно веќе му го соопштиле на Аргентинецот. Сепак, според информациите тој нема долго да биде без работа. Наводно Манчестер Јунајтед е подготвен да му ја понуди клупата на овој тим. Како што е познато договорот со Рангник е до крајот на сезоната, со клаузула да остане во клубот да работи но на друга позиција. Секако ова отвора можност за назначување на Покетино како шеф на стручниот штаб.