Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалски меч на минус 17, играчите излегуваа од игра поради премрзнатост и знаци на хипотермија

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави синоќа во Минесота го победи Хондурас со 3:0.

Овој натпревар се одигра под нехумани услови, бидејќи живата на термометарот на почетокот на натпреварот покажа нереални минус 17 степени Целзиусови.

Луис ‘Бобо’ Лопез мораше да ја напушти играта на полувремето поради смрзнатини и покажа знаци на хипотермија.

Исто така, неговиот соиграч Ромел Кито не можеше да го заврши натпреварот, а селекторот на Хондурас е бесен што натпреварот се одигра во такви услови.


Во овие услови не може да се игра фудбал“, кратко изјави Ернан Дарио Гомез.

На играчите на двете селекции им беше дозволено да носат заштитни капи и додатоци под дресовите, но тешко дека нешто можеше да помогне во овие нехумани услови. САД конечно славеа сигурна победа од 3:0 и се поблиску до пласман на Светското првенство.