Фудбал
Фудбалерите на Реал Мадрид нападнати, видни оштетувања на автобусот (ВИДЕО)
Навивачите на Атлетик Билбао со разни предмети го гаѓаа автобусот со играчи на кралскиот клуб.
Автобусот некако успеа да се пробие низ толпата и да влезе на стадионот, а камерите ја покажаа штетата што е направена.
Скршен прозорец, бројни вдлабнатини на каросеријата се јасно видливи на снимката и јасно покажуваат дека нападот воопшто не бил безопасен.
Pido perdón porque el autobús del Real Madrid haya quedado así después del recibimiento a botellazos. pic.twitter.com/U04hL0Ji5e
— Juanma Rodríguez ?? (@juanma_rguez) February 3, 2022
За среќа, чашане беше повреден ниту еден од играчите на тимот од Мадрид, а натпреварот се одиграа без проблеми.
Сепак, тие не се прославија на теренот. Одиграа многу лош натпревар, а на крајот беа поразени со гол во самиот финиш од натпреварот со што се елиминирани во Купот на Кралот.