Фудбал
Барселона и Тотенхем му нидат богатство, фудбалерот на Интер ја донел конечната одлука
Брозовиќ беше на мета на Тотенхем и Барселона, но останува во Италија. Според Газета дело Спорт, тој им соопштил на челниците на Интер дека ќе го продолжи договорот со клубот.
Барселона наводно му понудила осум милиони евра годишно, но трансфер во Шпанија нема да има. Соработката меѓу двете страни треба да биде официјализирана во наредните денови, со оглед на тоа што договорот на Хрватот истекува на лето. Марсело Брозовиќ за Интер одигра вкупно 271 натпревар и постигна 25 голови. Неговиот најголем успех секако е освојувањето на Серија А минатата сезона. Брозовиќ пред Интер настапуваше за Динамо, Локомотива и Хрватски Драговољац.