Фудбал
Жиру го сруши Интер, па порача: Никогаш не се предаваме! (ВИДЕО)
Милан победи во дербито против Интер со 2:1 и тоа преку пресврт. Херој на условно речено гостите на овој меч е Оливие Жиру. Тој постигна два гола во 75-та и 78-ма минута за пресврт и победа, откако Интер поведе во финишот на првото полувреме преку Перишиќ.
Херојот на „Росонерите“ по мечот порача:
-Јас реков и пред мечот дека ова е посебен, специјален предизвик и сакаме да победиме. И бевме во проблем во првиот дел, ама потоа успеавме да се вратиме. Јас само се надевав дека ќе добијам една-две топки во шеснаесетникот, па првата беше помалку и среќна, втората после добар центаршут на Калабрија. И пресреќен сум, а посебно горд, зашто овој тим покажа дека никогаш не се предава, рече Жиру.