Connect with us

Фудбал

Играчите вршат притисок за Пеп Гвардиола, ќе успеат ли во намерата?!

Пеп Гвардиола е подолго во Сити од претходните клубови, поточно четири години беше во Барса, три во Баерн, а на крајот од оваа сезона ќе наполни шест години на клупата на „Граѓаните“.

Тимот е на пат за одбрана на круната, четврта во последните пет години. Гвардиола има договор на уште 16 месеци, до летото 2023. Клубот стравува дека ќе си замине, било на крајот на оваа сезона или кога ќе му истече договорот.

План „Б“ беше Артета, се споменува и Покетино, но Сити верува дека Пеп ќе остане.

Во битката за тренерот се вклучија и играчите кои вршат притисок Гвардиола да остане. Никој од нив не верува дека по 10 трофеи во пет сезони (плус оние што ќе ги освои во новата сезона) може да ги напушти.

Во договор со клубот најголемиот дел од тимот ги продолжи договорите, последен во низата е Кансело кој треба да остане до 2027 година, како и Грилиш и Рубен Дијаз. ДеБрујне, Бернардо Силва и Лапорте имаат обврска до 2025 година, а Едерсон и Стоунс една година подолго. Така што основата на тимот ќе остане уште долго и се надеваат дека тоа би можело да се одрази и на тренерот. Англиските медиуми пишуваат дека тимот го притиска Гвардиола јавно да се обврзе пред соблекувалната дека нема да си оди, а знаат дека Каталонецот секогаш си стои на зборот.

Но, тој засега одбива, со стандардната приказна дека сезоната треба да заврши. Големата цел секако е Лигата на шампионите, во осминафиналето играат против Спортинг Лисабон, го минаа вчера Фулам во петтото коло од купот, и како што рековме, предноста е девет бода на табелата во првенството и тешко е да се очекува да паднат на првото место.