Connect with us

Фудбал

Какво дерби, шест голови, пресврт на Барселона и глупоста на Дани Алвеш (ВИДЕО)

Конечно, дуелот помеѓу Барселона и Атлетик Мадрид беше вистинско дерби на Примера. Барса славеше со 4:2 во одличен натпревар и за прв пат по долго време, барем по ефикасност, не потсети на деновите кога Лео Меси ја носеше играта, а Каталонците доминираа во Шпанија и Европа.

Но, се започна одлично за актуелните шампиони. Атлетико поведе уште во осмата минута. Поранешниот ас на Барса, Луис Суарез, во шеснаесетникот го наоѓа Караско, кој ја испрати топката во долниот лев агол.

Сепак, радоста на тимот од Мадрид траеше само две минути. Жорди Алба натрча на една топка и со одличен удар ја испрати во аголот од голот 1:1. Барса не застана тука. Во 21. минута младиот Гави со глава ги доведе Каталонците во водство.

Пред и по неговиот гол, Жоао Феликс промаши две убави шанси. Казната стигна на две минути пред крајот на полувремето. Стоперот Араухо најдобро се снајде во шеснаесетникот на противникот и на полувремето и донесе два гола предност на Барса.

Само што започна вториот дел, десниот бек се приклучи на стрелците. Ветеранот Дани Алвеш уште еднаш покажа дека не е за старо железо и со одличен удар ги доведе блауграните во водство од 4:1.

Работите повторно зоврија во 58. минута. По корнерот Хименез му ја префрли топката на Луис Суарез, а одличниот напаѓач ја заби топката во мрежата. Остана уште многу време, а Атлетико доби помош бидејќи Дани Алвеш во 69. минута доби директен црвен картон поради груб старт.

Сепак, тимот од Мадрид не успеа да ја валоризира предноста и Барселона стигна до вредна победа. Треба да се каже дека двете најголеми засилувања на Каталонците  зимскиот преоден рок дебитираа. Адама Траоре беше во стартниот состав, додека во игра на негово место во 61. минута влезе Обамејанг.

Барселона го прескокна Атлетико на табелата и сега го зазема четвртото место со 38 бодови. Атлетико е петти со два бода помалку. Реал води убедливо со 50 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore