Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Лил побара дрес од Меси, па се изненади од неговата реакција (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ во неделата го победија Лил на гостински терен со 5-1, а конечно одличен натпревар одигра Лионел Меси.

Меси брилјираше против Лил и го предводеше ПСЖ до убедлива победа. Аргентинецот успеа да постигне еден гол и да забележи асистенција и на крајот да даде знак за враќање во старата форма.

Аргентинецот беше во центарот на вниманието и по натпреварот кога играчот на Лил, Анхел Гомеш побара дрес од Меси, но не очекуваше дека играчот на ПСЖ ќе реагира на ист начин.

Имено, Меси му го подари дресот на Гомеш, но го изненади кога побара од него да му го подари дресот.

Фудбалерот на Лил беше видно воодушевен поради тоа и брзо го соблече дресот и му го подари на Меси, а ова видео стана хит на социјалните мрежи.