Фудбал
Мурињо беснеел на играчите во соблекувалната: Ако немате мад*ња, играјте во Серија Ц
Рома пред два дена е поразена од Интер со 2:0 во Купот на Италија во четвртфиналето, во меч во кој фудбалерите на римскиот тим речиси и ништо да не покажаа. Интер со головите на Џеко и Санчес стигна до рутинска победа, а Мурињо бил бесен.
-Сакам да ја знам причината поради која се пос*але во првите 10 минути од мечот, наводно Мурињо им рекол на играчите, па додал:
-Најголема мана кај еден човек е тоа што нема мад*ња. Се плашите од вакви мечеви? Ако се плашите тогаш играјте во Серија Ц и нема да имате против себе големи противници, шампиони, врвни стадиони, навивачи, ниту притисок од големи мечеви, викал Мурињо во соблекувалната, пренесува Кориере дело Спорт.