Фудбал
Македонија на 67-мо место во светот!
Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 67 место на најновата ранг-листа на ФИФА.
Аргентина скокна за една позиција и се наоѓа на четвртото место на ранг листата, на сметка на Англија. Селекцијата на Белгија остана лидер на ранг листата, пред Бразил и Франција. Во топ десет на најновата ранг листа на ФИФА се наоѓаат уште и Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.