Connect with us

Фудбал

Стигнаа првите детали за повредата на Горан Пандев

Македонскиот најдобар фудбалер, кој викендов го одигра својот втор меч во дресот на Парма и го постигна првиот гол, мораше да ја напушти играта во 72-та минута. Првичните информации од Италија велат дека повредата не е сериозна. Станува збор за истегнување на мускулот и паузата ќе биде една недела. Ова значи дека Пандев нема да биде во можност да настапи на два меча, против Кремонезе и Тернана.

Инаку, Пандев во саботата против Перденоне во игра влезе во46-тата минута, во 55-та постигна убав гол со волеј, прв во дресотна Парма, потоа во 67-та учествуваше во акцијата за вториот дол за 2:1 со кој неговиот тим стигна до пресврт и водство. Во 72-та поради повреда го напушти теренот, а неговите соиграчи постигнаа уште 2 гола за победа од 4:1.