Фудбал
Сенегалец потпиша за Шкупи, доаѓа од Украина
Лидерот во македонската Прва лига, екипата на Шкупи го промовираше најновото засилување. Станува збор за крилен напаѓач, кој доаѓа од Сенегал. Мамаду Данфа потпиша двегодишен договор со тимот од Чаир, а доаѓа од украинскиот им Колос Коваливка.
Во својата кариера играл за младите категории на Сенегал, а има и еден настап за најдобриот состав на оваа земја.