Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул брутално го казни Интер, покажа дека се за класа подобри
Ливерпул вечерва на Интер му покажа како се игра во Лигата на шампионите. И во моментите кога немаа иницијатива, туку напротив, противникот напаѓа, покажаа дека се за класа подобри. Славеше со 2:0 со головите на Фирмино во 76-та и Салах во 83-та минута. Интер во тие моменти беше подобар, создаваше шанси, но очигледно е дека нападот им е во криза.
Имаше Интер шанси во првиот дел преку Лаутаро и Чалханоглу кој ја погоди пречката, но имаше и Ливерпул добра шанса во првиот дел преку Мане.
Во вториот дел Интер беше многу поагилен и се закануваше многу повеќе од Црвените.
Но, во 76. минута шок за играчите и навивачите на Интер. Робертсон изведе корнер и одлично нафрли Фирмино со глава го матираше Хандановиќ за водство на Ливерпул од 1-0.
Четири минути подоцна Интер повторно се заканува. Алексис се обиде да го ангажира Џеко, но Тиаго успеа да ја пресече топката на која налета Перишиќ и добро шутираше од некои 17 метри, но топката помина над голот.
Во 83. минута повторно молк на Меаца. Александер-Арнолд нафрлува од десната страна, еден играч Ван Дајк ја спушти топката со глава, а ја истрча Мохамед Салах кој го совлада Хандановиќ и погоди за 2:0.
Интер се обидуваше барем да ја намали предноста до крајот на натпреварот, но не успеа. Ливерпул славеше со 2:0 и со тоа постигна одличен резултат пред реваншот на Енфилд кој е закажан за 8 март.