Фудбал
Драма со авионот на тимот на Манчестер Сити, мораше принудно да слета во Ливерпул (ВИДЕО)
Манчестер Сити со 5:0 славеше на гостувањето кај Спортигн Лисабон во првиот осминафинален дуел, па се чини дека патникот во четвртфиналето од овој двомеч е решен. Но, на враќањето дома се случуваше вистинска драма. При обидот авионот со кој се превезувал тимот на Манчестер Сити да следа на аеродромот, имаше голема бура, односно силен ветер. Поради тоа обидот за слетување не успеа, поради што беше многу опасно, па авионот беше пренасочен на аеродромот во Ливерпул каде што успешно се приземји.