Connect with us

Фудбал

ПСЖ му понудил ненормален договор на Мбапе само да остане?!

Францускиот гигант ПСЖ наводно му понудил нереален договор на Килијан Мбапе за да остане во клубот.

Бројни европски медиуми во последните месеци пишуваа дека Мбапе веќе договорил трансфер во Реал Мадрид, но самиот фудбалер никогаш не потврдил дека има некаков договор. Од почит кон ПСЖ, тој не сакаше да каже ништо за иднината.

-Ќе дадам се од себе за да ги освојам сите можни трофеи со ПСЖ. Имам голема почит кон клубот и моите соиграчи“, изјави овој прекрасен фудбалер на крајот од минатата година.

А таа почит кон клубот може да му донесе нереални пари бидејќи парискиот тим му подготвил неверојатен договор.

Угледниот британски Индепендент тврди дека ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатен фудбалер во светот со дури 54 милиони евра годишно без бонуси и сигурно 23-годишниот напаѓач добро ќе размисли за оваа понуда на ПСЖ.

Исто така, Реал Мадрид подготви атрактивна понуда, но таа не е ни блиску до ПСЖ, а изнесува околу 25 милиони евра годишно.

Килијан Мбапе има одиграно вкупно 203 натпревари за ПСЖ и има учинок од 153 постигнати голови.