Connect with us

Фудбал

Навивачите на Барселона на брутален начин го дочекаа Дембеле (ВИДЕО)

Барселона и Наполи одиграа 1:1, а во 65-тата минута Чави одлучи да направи тројна измена. На теренот го испрати и Усман Дембеле, фудбалерот кој цел преоден рок се спомнуваше дека ќе замине од Барселона. Се уште не го продолжил договорот, наводно меговиот менаџер го уценува раководството на тимот, но откако не успеаја да го продадат, Чави сепак одлучи Дембеле да биде дел од тимот. Еве, вечерва влезе и во игра, но тоа не им се допадна на навивачите кои жестоко со свирежи го поздравија неговото влегување во игра. Ова воедно беше прв меч за Дембеле за Барселона во 2022 година.