Connect with us

Фудбал

No Haaland, no party – тимот од Шкотска ја покори Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Шкотскиот тим Ренџерс со убедливи 4:2 се враќа од гостувањето кај Борусија Дортмунд. Домаќините речиси ништо да не направија во првите 45 минути, но затоа гостите знаеја како да го искористат тоа и поведоа со 2:0. По две прекрасни шанси кои не ги реализираа,  во 38-та минута по реакцијата од ВАР собата, пенал за Ренџерс, кој во гол го претвори Таверние за 0:1. В 41-та минута нов шок за домаќините откако Морелос погоди за 0:2. Само што почна вториот дел, поточно во 49-та минута нов гол во мрежата на Борусија Дортмунд, овој пат Лундстрам погоди за 0:3.

Во 51-та минута Билингам погодува за 1:3, но три минути подоцна Багадоу постигна автогол за 1:4. Во 82-та минута Гереро само ублажи на 2:4.

На овој меч го немаше најдобриотна Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кој поради повреда на колкот не можеше да игра, а секако без него германскиот тим не личи на себе.